Skip to main content

Познат идентитетот на загинатиот велосипедист, бил поранешен директор на Охис

Фото: Freepik

Загинатиот велосипедист кој денеска настрада во Скопје е Јорго Ќуќа поранешен директор на Охис.

Ќуќа беше тешко повреден а подоцна починал по сообраќајна несреќа што попладнево се случи на булеварот „Илинден“ во Скопје.

Според првичните информации, несреќата се случила кога автомобил удрил во велосипед управуван од машко лице.

Лицето кое го згазил познатиот стопанственик Ќуќа е фатено од полицијата откако претходно го напуштило местото на трагедијата.

Ќуќа беше долгогодишен директор на гигантот Охис.

Извор: Expres.mk