Skip to main content

Повредени тројца припадници на АРМ во сообраќајка на патниот правец Штип-Кочани

Тројца припадници на Армијата имало во возилото што се преврте на патот Штип-Кочани и сите се полесно повредени, соопшти Генералштабот на Армијата. Во возилото, како што пишува во информацијата, удрило цивилно возило.

Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода. Односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања“, се наведува во информацијата од Генералштабот на Армијата.

На местото на настанот се излезени МВР и припадници од Воената полиција.

МИА претходно информираше за сообраќајката и дека сообраќајот се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.

На местото на несреќата интервенирале возила на Итната медицинска помош и на ТППЕ од Кочани.

Поврзани вести