
На 11.08.2025 во 11:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(50) од Куманово и патничко возило „ауди” со бугарски национални ознаки, управувано од М.П.(24) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., а со телесни повреди се здобиле возачот М.П., две негови сопатнички М.П.(25), К.П.(22) и тримесечно бебе, сите од Куманово, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.