Skip to main content

Палевски: Јас сум предвреме осуден од страна на Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски

Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски смета дека пресудата против него е веќе донесена и тоа од страна на Оливер Спасовски и Гаврил Бубевски на прес-конференцијата која тогашниот прв човек на МВР и јавниот обвинител ја одржаа на 5.12.2023 година.

Палевски смета дека ова е единствен случај каде судијата не го бара оружејето со кое се сторени делата.

Јас сум однапред осуден од страна на овие двајца. Доживотната пресуда не ме плаши. Судијата Стефановски е уредник на неколку портали за убиството на Вања и го советува Обвинителството. Затоа барам ваше изземање од овој случај поради пристраност иако знам дека тоа нема да се случи поради вашиот однос со претседателот на судот Џолев, објасни Палевски.

Судот веднаш го одби барањето на Палевски за изземање на судијата.

Поврзани вести