
Јас ја одлепив лентата од устата на Вања за да може Љупчо Палевски да ја слика со вперен пиштол за родителите побрзо да дадат пари за откуп, раскажа обвинетиот Велибор Манев во денешното сведочење за тоа како го грабнале девојчето.
Тој вели дека според она што им го кажал Палевски, договорот бил да се грабне 40-годишна жена, ќерка од првиот брак на познат фармацевт во Македонија.
Тој повтори дека за Алекдандар првпат слушнал во полиција и таму го видел на слика. Во полиција при крајот на распит го натрерале да каже дека Палчо и Александар се познаваат и комуницираат.
Првите денови размислував да се самоубијам, призна Манев.