Skip to main content

OJO прибра траги од пукањето кај Бит Пазар, ќе се врши обдукција – обезбедени се и снимки!

ТВ21

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место по вчерашната оружена престрелка кај Бит Пазар.

Од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење.

Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот.

Поврзани вести