Skip to main content

Охриѓанец почина откако голтна дрога за да не го фати полиција

Охриѓанец почина откако проголта опаковка со дрога, бидејќи полиција сакала да го застане за сообраќајна контрола.

Како што соопшти СВР Охрид, вчеравчер година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид.

Тој, управувајќи патнички автомобил „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба. Од страна на полициските службеници, повикана е Итната медицинска помош со чие возило С.П. е пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај преземените медицински мерки, тој починал, соопшти охридската поличција.

По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола. По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, објави МВР.

Поврзани вести