
Утрово во 05.50 часот во СВР Куманово, М.Б.(60) од Куманово пријавил дека во периодот од 16.01.2025 до 17.01.2025 со употреба на сила било влезено во неговата бурекчилница и биле одземени пари и повеќе производи.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.