
Денеска (30.05.2025) Основниот суд Гостивар му одреди мерка притвор на А.С.(53) од Гостивар затоа што на 29.05.2025 околу 02 часот во нејзиниот стан во Гостивар со метален предмет ја нападнал и извршил полов напад врз неговата вонбрачна сопруга. 38-годишната жена го пријавила случајот во полициска станица во Гостивар и на Фејсбук страната на МВР, по што околу 19.45 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С..Тој е задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.