Skip to main content
Завршни зборови

Обвинителството тврди дека Палчо од таткото Александар разбрал кое време Вања ќе оди на училиште

Обвинетите заслужуваат не само правна, туку и морална осуда бидејќи се работи за убиство на дете. Обвинетите сковале план да се грабне возило кое може да се движи незабележано, но и лицето да живее само за да не биде веднаш барано. Го избрале Панче бидејќи неговиот „цитроен“ бил со голем гепек. На 22 го грабнале и убиле Панче. На 24 ноември се обиделе, но не успеале да ја грабнат Вања. Истото го повториле на 27 ноември откако претходно таткото на девојчето го имформирал Палевски дека Вања сама ќе оди на училиште. Го извршиле грабнувањето и ја убиле Вања која го обожавала татка си и пишувала состави за него.

Ова денеска го кажа обвинителката Жаклина Јосифовска во завршните зборови од судењето за убиствата на 14-годишното девојче и велешкиот пензионер.

За Палевски

Јосифовска рече дека од страв да не биде фатен отишол за Белград, иако немал закажано никаков преглед.

Обвинителството ги докажа сите дела кои им се ставаат на терет на обвинетите, рече Јосифовска.

Таа дополни дека врз обвинетите не е вршено никакво насилство и оти вина има и Александар Ѓорчевски.

Таткото на Вања им ги дал на обвинетите информациите за движењето на девојчето. Неговото однесување било чудно, постојано зборувал дека Вања е киднапирана, рече Јосифовска.

Поврзани вести