Skip to main content

Обвинет за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот фатен откако избега од затвор

Вчеравечер во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.К.(30) од Струмица.

Како што соопшти МВР, тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Штип, каде издржувал затворска казна во траење од три години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а имал за доиздржување 2 години и 5 месеци.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.