
Вчера во Кичево полициски службеници од ОВР Кичево лишиле од слобода 14-годишен малолетник од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на соседите допирал по телото четиригодишно женско дете, соопшти МВР.
Во присуство на родител, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници, во ОВР Кичево со него бил извршен службен разговор. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена пријава за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, по член 188 став 5 од Кривичниот законик.
Пред неколку дена беше поднесена кривична пријава против 15 годишник за силување на неговата петгодишна братучетка.