Skip to main content

Ноќва уапсени организатори на борби со кучиња, кучињата биле со крвави рани

Ноќваво 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“.

Како што соопшти СВР ТЕТОВО, околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба.

Според пријавеното, лицата претходно се договориле да ги организираат борбите со кучињата. Извршен бил увид на местото, при што едно повредено куче било пронајдено во патничко возило „фиат“. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Тетово.

Поврзани вести