Skip to main content

Најдени човечки коски закопани во близина на Македонски Брод

Во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 16.00 часот на 24.03.2025 до 10.00 часот на 25.03.2025 покрај црквата „Св.Ѓорѓија“ во атар на с.Слатина, општина Македонски Брод, бил извршен ископ при што биле извадени четири камени плочи и остатоци од коски кои најверојатно се од човечко потекло.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Македонски Брод, запознаен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести