Skip to main content

Над 6.000 парчиња пиротехника запленета на Бит Пазар

Над 6.000 парчиња пиротехника била запленета во текот на вчерашниот ден на Бит Пазар.

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека по преземени оперативно – тактички мерки од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР – Скопје на улицата „192“ на подрачје на Бит Пазар, пронајдени и одземени се околу 6.000 различни парчиња на пиротехнички средства.

Известен е јавен обвинител, пиротехниката е одземена за понатамошна постапка, а против лицата кои ја продавале пиротехниката ќе бидат поднесени соодветни пријави, потенцираа од МВР.

Поврзани вести