Триесет и седумгодишен маж од кривопаланечко село, пријавил дека ноќеска за време на новогодишната ноќ, во семејниот дом бил физички нападнат од неговата сопруга по претходна расправија.
Денеска (01.01.2025) во 01.36 часот во ОВР Крива Паланка, 37-годишен маж пријавил дека околу 01.00 часот во семејниот дом во кривопаланечко село, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата сопруга Б.С.(34), се наведува во Билтенот на МВР.
По целосно документирање на случајот, од МВР најавуваат соодветен поднесок.