Skip to main content

МВР со детали: 16-годишното девојче додека се капело било одвлечено по течението на реката Вардар

На 24.07.2025 околу 16.30 часот во СВР Велес е пријавено дека К.П.(29) од Скопје, со привремен престој во с.Уланци, општина Градско и 16-годишно девојче од с.Уланци, додека се капеле во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, малолетничката била одвлечена по течението на реката.

К.П. неколку пати се обидела да ја извлече, но не успеала.

Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Велес во координација со САЕ Тигар, Единицата за специјални намени Волци на Армијата, припадници на Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес започнаа потрага за пронаоѓање на девојчето.

Поврзани вести