Министерството за внатрешни работи денеска на својата веб страница објави потерница по поранешниот адвокат Александар Ристески поради „истрага за сторено кривично дело по чл. 292 ст.1, а во врска со чл.288 ст.3 в.в. ст.1 од Кривичен законик.“
МВР распиша потерница за скопјанецот кој завчера го запали објектот каде е сместена Адвокатската комора на Македонија.
Станува збор за Александар Ристески, адвокат од Скопје.
На Ристески пред неколку недели пред настанот му била одземена лиценцата од страна на Комората поради дисциплински прекршок.
Се претпоставува дека тоа бил мотивот да ја запали Адвокатската комора.
МВР го бара со меѓународна потерница.