
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина управувале возило без возачка дозвола и тоа по двајца во Скопје, Прилеп и Гостивар, еден во Тетово и еден малолетник во Чашка. Еден возач во Неготино управувал возило под дејство на алкохол, а еден возач во неготинско предизвикал сообраќајна незгода возејќи под дејство на алкохол и со активна забрана за управување возило.
По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај- велат од МВР.

Македонски


