![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2024/12/policija-nokje-1024x667.webp)
МВР извести дека вчера во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го уапсиле Т.Ј.(56) од Скопје.
Тој се сомничи дека, поради нерасчистени должничко – доверителски односи, околу 1.30 часот со употреба на сила и погоден алат влегол во домот на М.Б.(51) од Скопје, физички и со тврд предмет го нападнал и со закана го однел во неговиот дом, каде продолжил со заканите.
Подоцна, М.Б. успеал да избега и настанот го пријавил во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.