Skip to main content

Му нашле марихуана: На Табановце лишен од слобода грчки државјанин

На Граничниот премин Табановце, на влез во државата вчера околу 12.45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Г.К.(30) од Република Грција.

При гранична проверка и контрола во патничкото возило со холандски национални ознаки, кое го управувал, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки.

Известен е јавен обвинител и лицето било спроведено во СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести