
Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила во Куманово, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена во СВР Куманово на 18 јули во 13:27 часот. Според информациите од полицијата, на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од 32-годишниот Д.С. од Куманово, удрил во седумгодишно дете.
Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово, каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Македонски



