Skip to main content

Малолетно девојче на електричен тротинет тешко повредено откако се судрило со автомобил

илустрација/Freepik

Вчера во 18.05 часот во СВР Велес било пријавено дека на крстосницата од ул.„Илинденска“ со ул.„Коста Рацин“ во општина Чашка се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Н.(66) од Велес и електричен тротинет, управуван од малолетничка од Чашка.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес. 

Поврзани вести