Skip to main content

Малолетник внесен во „бмв“ и тепан, на крај му извадиле и пиштол

Ноќва во 23.00 часот и во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Џ.Д.(56) од с.Гајре, тетовско и Л.Д.(52) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 39-годишната З.Ј. од тетовско Џепчиште дека со употреба на сила го внеле нејзиниот малолетен син во нивното патничко возило „бмв х5“ и физички го нападнале, при што употребиле и метален предмет.

Според пријавеното, откако успеал да им избега, Џ.Д. извадил пиштол и му се заканувал на малолетникот. Исто така, тие
биле пријавени и од Б.Ш.(24) од Тетово дека против негова волја го внеле во истото возило, физички го нападнале и барале од него да им посочи две лица кои наводно земале пари од ќерката на Џ.Д..

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Тетово.

Поврзани вести