
Малолетник бил пријавен во полиција во Неготино дека физички нападнал момче, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Вчера во 13.20 часот во Полициска станица Неготино, извршен бил разговор со малолетник, во присуство на родител и адвокат, во врска со пријава од А.П.(19) од Неготино, дека во неговиот дом бил физички нападнат од малолетникот и му се заканувал држејќи метален предмет, соопштија од СВР Велес.