
Денеска (25.05.2025) вo 01.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на железнички премин Хиподром, локомотива, сопственост на ЈП „Македонски железници“, удрила во пешакот С.Л.(55) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.