
Од БППЗ на Град Скопје информират дека на пожарот кај хотелот Њу Стар интервенирале со 7 возила и 20 пожарникари. Пожарот е локализиран, но во депонијата уште има чад. 2 екипи се останати да дежураат на местото на пожарот.
Од пожарот зафатена е површина од 5000м2, жито и еден магацин со градежни материали како и дворот од хотелот Њу Стар.