Skip to main content

Лажни дојави за бомби во две училишта и музеј во Скопје

Во две приватни училишта во Скопје и во музеј утрово пристигнале електронски пораки за поставени бомби.

Проверките покажале дека се работи за лажни пријави.

И во саботата имаше лажна дојава за бомба за време на концерт во СЦ „Јане Сандански”.