
На 10.03.2025 во 22:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Охрид, помеѓу с.Ботун и с.Климештани, општина Дебрца, патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки“, управувано од Е.С.(30) од с.Коњско, охридско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.