Skip to main content

Хаос во Ќерамидница: Прво нападнал маж, па полицијата, а кога го уапсиле и брат му тргнал да мава

Вчеравечер во 20.40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.

Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода. При тоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани вести