Skip to main content

Групна тепачка во Гази Баба, тешко повредени две лица

Две лица се повредени во тепачка во Гази Баба каде биле користени и тврди и остри предмети.

На 18.03.2025 во 23.00 часот во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода А.А.(18) и Р.А.(22), двајцата од село Сингелиќ, скопско. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот на подрачјето на Гази Баба со уште еден малолетник го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со З.А.(67) од село Арачиново, скопско и уште едно лице, од друга страна, при што биле употребени тврди и остри предмети. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил З.А. како и Љ.И.(28) од Скопје, кој се обидел да ги раздели, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести