Skip to main content

Ги блокирал соседите за да не можат да одат и да сведочат против него

Вчера во 13.45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода П.Т.(32) од с.Јакимово, виничко, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“ по член 368 – а став 1 од Кривичниот законик.

Околу 08.30 часот во селото, тој со две возила го блокирал возилото на сопружниците П.Т. и М.Л. од с.Јакимово и на тој начин ги оневозможил да присуствуваат на судско рочиште во кое требало да сведочат против него, соопшти МВР.

Според пријавеното, притоа тој им упатувал и закани да не се појавуваат на суд.

Од полиција велат дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Поврзани вести