![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/granica-tabanovce1.jpg)
На граничен премин „Табановце“, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле Т.В.(49) од Сојузна Република Германија.
При контрола во возилото „опел“ кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Германецот е предаден во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.