
Еден ер трактор на ДЗС полнејки вода од езерото успешно дејствуваше во повеќе налети врз пожарот до Преспанско езеро додека вториот ер трактор врз пожарот кај Желино и Еребино, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Полицискиот хеликоптер дејствува врз пожарот во прилепско околу селата Штавица, Чумово, Волково и Прилепец. Кон овие села се упатува и еден армиски хеликоптер.
Ангелов потенцира дека нема опасност по куќите и други објекти, на терен има доволно противпожарни екипи како и локално население.