Skip to main content

Едногодишно дете се затруло со лекови

Едногодишно дете од липковското село Отља се затруло со лекови, соопшти денеска кумановската полиција. Случајот во СВР Куманово го пријавиле надлежните од Општата болница вчера во 18:31 часот.

Во Општата болница било донесено едногодишно дете од село Отља, општина Липково, кое било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител, информираат од полицијата.

СВР Куманово работи на целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести