Skip to main content

Деветнаесетгодишно момче со „бмв“ загина во сообраќајка кај Гевгелија

Момче на 19-годишна возраст од село Миравци, загинало утрово околу четири часот кога со автомобил „бмв“, што го управувало, излетало од коловозот на регионалниот пат меѓу селата Миравци и Давидово, соопштија од Секторот за внатрешни работи – Струмица.

Во соопштението се наведува дека момчето починало на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар на Итната медицинска помош.

Бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР – Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на момчето е дадено на обдукција.