Обвинителката Жаклина Трајковска на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски презентираше видеоснимка во која се гледа како обвинетиот Влатко Кешишов оди на бенсиската станица во близина на Транспортниот центар во Скопје, во близина на седиштето на партијата Десна.
На снимката се гледа Кешишов облечен со црна капа и јакна како се обидува да остане незабележан во објектот. Тој плаќа набрзина и се одалечува.
Кешишов на 27.11.2023 година, денот кога е грабната Вања, во 5 часот изутрина оди на бензинската пумпа на „Макпетрол“ и во балон (туба) полни бензин за 1000 денари и плаќа во кеш. Потоа веднаш си заминува.
Се претпоставува дека со тоа гориво неколку дена подоцна е запалено возилото „цитроен“ на Панче Жежовски.