Skip to main content

Да, судија виновен сум: Васил Јованов призна вина за усмртувањето на Фросина

Facebook

Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

Ќе се произнесам за вина, но сакам да изразам најдлабоко сочувство за тоа што го сторив. Не сум можел ниту да помислам нешто такво, рече обвинетиот.

Да, судија виновен сум! – призна вина Јованов.

Во судницата беа присутни родителите и сестрата на Фросина.

-Васо не оди таму самостојно туку други му рекле да се врати да види што направил. Повикуваме да ја изречете највисоката затворска казна која според мене е ниска. Ако државата е болна, Судот нека биде здрав – рече во завршен збор таткото Тодор Кулаков.

Тој додаде:

Тоа што Васил призна вина не ја намалува нашата болка. Бараме најстрога пресуда за тој што и го одзеде животот.

Обвинителот Александар Марковски побара Јованов да биде казнет според законот, кој предвидува максимална казна од 20 години

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

Поврзани вести