
Чадот што попладнево се гледа и чувствува во Скопје е од активниот пожар во реонот на Китка, на подрачјето на општините Студеничани и Зелениково, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според ЦУК, ветерот го носи чадот кон главниот град, поради што во повеќе делови од Скопје се чувствува и се забележува значително присуство на чад.
На пожарот кај Китка досега дејствувал и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи.

Од ЦУК нагласуваат дека до овој момент немаат добиено пријава за можен пожар на Водно.
Истовремено, регистрирани се два пожари на сува трева и ниско деградирана шума на територијата на Општина Илинден.
Во моментов на територија на Општина Сарај кај селото Бојане има активен пожар, каде гори нискостеблеста шума и висока трева, додаваат од ЦУК.

Македонски


