
На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на машко лице, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Од преземените мерки и извршениот увид, било констатирано дека се работи за И.Д.(55) од Скопје.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.