Skip to main content

Александар и Шекеринска биле првенци на генерација, сакале да им ги сецираат мозоците да видат што имаат внатре

Обвинителката Јосифовска го праша таткото на убоената Вања, Александар Ѓорчевски каков ученик бил и дали е точно дека имал слаби оценки.

Тој рече дека тоа не е точно.

Со Шекеринска бевме првенци на генерација, сакаа да ни ги сецираат мозоците да видат што има внатре,објасни Александар.

Попуштањето на Александар се случило кога татко му заминал да работи во Полска.

Во средно сакав да се запишам во Орце Николов да учам за ниски струји и компјутери но без да знам татко ми ме запиша во економско бидејќи така ќе може да ме вработи.

Денеска во судскиот процес за убиството на Вања и Панче сведочи таткото на Вања, кој е осомничен дека е поврзан со грабнувањето на неговата ќерка.



Поврзани вести