
Бојан Манев, адвокат на Боре Видевски прашува како е можно МВР од една страна да дава документ дека пиштолот е легален а од друга страна објаснува дека нема испукување во базата на податоци.
Како може од легално оружје да нема најдено трага во база на податоци. Или некој во МВР не сака да ги пребара архивите и да го најде испукувањето или е нешто друго. Ова е страшно голем проблем, праша Манев.
Според него, ова е страшно нејасна ситуација, легално оружје да не биде испукано и како тоа оружје е влезено во правен промет ако не е испукано.
Нема теоретска можност оружјето да не е испукано, убеден е Манев.
Овој пиштол е важен бидејќи е можно со него да е убиен Панче Жежовски во Велес.