Skip to main content

38-годишен скопјанец ја убил сопругата, уапсен е на граница при обид за бегство

Полициски службеници од РЦГР Север денеска околу 17 часот го лишија од слобода Н.А.(38) од Скопје на граничниот премин Табановце.

Тој е уапсен под сомнение за сторено кривично дело “убиство”.

Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода, информира МВР.

Во координација со јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани вести