Skip to main content

23-годишник бегал од полицијата, возел без возачка и со 2,77 промили алкохол во крвта

Вчера во 19.20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар, кој претходно, на регионалниот пат кон селото Удово, управувајќи патничко возило „опел“, со дебарски регистарски таблици, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници и се дал во бегство.

Веднаш се преземени соодветни мерки и активности и по кратко време, тој е запрен на улицата „Веби Дибра“ во Дебар и притоа е констатирано дека А.Љ. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,77 промили алкохол во крвта и дека не поседува возачка дозвола. Против А.Љ. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Поврзани вести