Skip to main content

20 годишнo момче загина од струен удар во Македонија

Дваесетгодишно момче од селото Саждево почина откако било погодено од струен удар, соопшти полицијата.

Несреќата се случила во четвртокот попладне, а младиот А.И. бил пренесен во Општа болница Прилеп без знаци на живот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Од СВР Битола информираат дека увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата во Прилеп, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани вести