
Вчера во 19.15 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Македонска фаланга“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од Битола и велосипед, управуван од Г.М.(49) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Битола.