Skip to main content

17-годишник излетал со возилото под „Кале“, повредени се четворица малолетници

Ноќеска во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Лазар Личеноски во Скопје, патничко возило „шевролет спарк” со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани вести