Skip to main content

16-годишник на мотор доцна ноќва загина по судир со 14-годишник на тротинет

архива

Тешка несреќа се случи ноќва во 02.28 часот, кога во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки,  управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје.

Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. 

Увид на местото  на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинтиел, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.   

Поврзани вести