Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги зголемува платите во повеќе области, по само 5 месеци власт, се вели во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
По само 5 месеци власт, Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во договор со Сојузот на синдикати, склучи историски договори за зголемување на платите во образованието за 46% до крајот на мандатот, а од 40% до 50% во здравството, а догодина ќе се зголемат платите и на административните работници.
Пензиите на пензионерите, ќе се зголемени за 5000 денари. 2500 денари се веќе реалност, а 2500 денари на своите сметки пензионерите ќе добијат во март.
Со мерката за ограничување на маржата за училишен прибор, на граѓаните им се намалија давачките за училишни прибори и реквизити за училиште.
Со намалување на синдикалната кошничка, во одделот за храна и пијалоци, се намалија давачките на граѓаните за околу 1500 денари, или 18 илјади денари годишно за едно домаќинство.
За разлика од 2023 година, во власт на СДС кога инфлацијата беше 9,4%, 2024 година со само 5 месеци власт на ВМРО-ДПМНЕ, инфлацијата ќе биде 3,5%, а проекциите за 2025 година се дека инфлацијата ќе биде на ниво од 2,5%.
За разлика од криминалното владеење на СДС, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбедува плати за сите работници навремено, исплаќа субвенции кои власта на СДС поради лични причини, не им ги давале на земјоделците и враќа кредити кои врхушката на СДС ги има направено во име на државата, за кои и нашите поколенија ќе треба да ги плаќаат.
До крајот на годината се очекува да се влеат во државата, над милијарда евра директни инвестиции, нешто што никогаш се нема случено.
Во тек е и Божиќна кошничка со која ќе се намалат цените на над 600 продукти, со што ќе се зголеми животниот стандард на граѓаните.
За разлика од криминалното владеење на СДС, Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи во интерес на граѓаните и подобрување на животниот стандард, стои во соопштението.