Skip to main content

Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, работилница во Кавадарци

Freepik

Винскиот туризам има голем потенцијал во државата, беше кажано на денешната работилница во Кавадарци, во организација на „Вајн бери“ (Wine Berry) и Здружението на македонски семејни винарии, здружение со седиште во овој град.

Пред присутните претставници на фамилијарни винарници, во Винскиот музеј, се говореше за тоа како повеќе да се развие винскиот туризам кај нас, со цел земјава да биде посакувана винска дестинација и на винската мапа за винските и останатите туристи и љубители на природата и производите од грозје, рече за МИА, Гоце Попов, извршен директор на здружението. 

Попов додаде дека пред претставниците на македонските семејни винарии, презентации одржаа вински експерти од Словенија, осврнувајќи се на тоа, како да се зголемат капацитетите, за развој на македонскиот вински туризам. 

Поврзани вести